Децата се почесто жртви на трговија со луѓе
Децата се почесто стануваат жртви на трговците со луѓе кои со измами и лажни ветувања ги земаат од нивните семејства и ги носат во западните земји каде се принудени на питаат, работата тешки физички работи или пак да се проституираат.
Бројките на Министерството за внатрешни работи покажуваат дека во седум регистрирани случаи на трговија со луѓе, во сите случаи жртви биле деца.
“тоа се најчесто деца на возраст од 14 до 17 години. Начинот на регрутирање најчесто е со измама или лажни ветувања. Со бракови на малолетни лица во странство односно ’невеста по нарачка“ што се уште постои како традиција во некои заедници“, вели Санде Китанов, раководител на единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти.
Според Китанов, децата кои стануваат жртви на трговија најчесто потекнуваат од сиромашни семејства со низок степен на образование.
Споредбените податоци покажуваат дека бројот на трговија на деца е во намалување. Така ако во 2008 година имало девет случаи на трговија со луѓе, лани имало само седум. Но, загрижува бројката што во сите случаи во 2009 година жртви се малолетни лица.
Странските експерти од невладините организации кои работата на пронаоѓање на начини за борба против трговијата со деца велат дека во Македонија постојат одлични законски решенија и институции за борба против трговијата со деца. Но, сепак имаат забелешка на спроведување, како и заштитата и идентификувањето на децата – жртви на трговија.
“Имате добар закон, имате посебна единица за борба против трговија со деца. Но, сепак кога ќе го погледнеме формуларот за идентификацијата на жртвите ќе видиме дека истиот се употребува и за возрасни и за деца. Истите прашања, не постои разлика“, вели Пјер Казенове од швајцарската невладината организација “Тер де Зом“.
Експерите констатираат дека и покрај законските решенија се уште треба да се работи на заштита на правата на децата и спроведување во практика на препораките од Водичот за заштита на деца – жртви на трговија.
“Тер де зом“ и македонската НВР “Отворена порта“ која работи на заштита и згрижување на жртвите од трговија со луѓе денеска го објавија извештајот за состојбата со почитувањето на првата на децата – жртви на трговија. Една од главните забелешки на извештајот се однесува на недостатокот на соодветни долготрајни решенија и зајакнување на регионалната и меѓународна соработка.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 18.02.2010 15:10:20
|