ВМРО ДПМНЕ обвинуваат за криминал во приватизацијата на Бања Банско
Поранешниот пратеник на СДСМ, г-дин Ристо Масев инаку кум на г-динот Владо Димов, министер за здравство и пулен на Бранко Црвенковски, преку ноќ, по багателна цена, станува сопственик на огромниот комплекс Бања Банско, обвинува ВМРО ДПМНЕ.
“Благодарение на семејните и бизнис интереси на Димов, а со знаење и премолчена согласност на Владата на СДСМ, г-динот Масев, наеднаш, станува доминантен сопственик на комплекс вреден над 1 000 000 евра. Комплексот Бања Банско, како и многу други, беа обезвреднети и со огромен попуст доделени на партиски подобни лица блиски до СДСМ. Начинот на работа кадрите на Социјалдемократскиот сојуз и Бранко Црвенковски е едноставен. Тој е исполнет со партиски бизнис интереси, со непотизам и нечесно работење“, изјави денеска портпаролот на владејачката партија, Александар Бичиклиски.
Од ВМРО ДПМНЕ побараат од СДСМ да одговори на нивните денешни обвинувања.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 08.02.2010 14:49:54
|