Граѓаните ги доставија своите идеи до Владата

На отворениот “Ден на идеи” граѓаните имаа можност да ги презентираат своите идеи до членовите на Владата. Имаше предлози за побрзо завршување на судските процеси, за нови вработувања на младите, за начинот на донесување на закони за нивна поголема усогласеност со уставот.
Но, имаше и такви кои порачаа дека ние треба да учиме од Владата и од неа да земаме идеи.
Пензионираната учителка по француски јазик, изрази незадоволство од воспитанието на младината во училиштата.
“Воспитание во училиштата, бидејќи има многу образование но нема воспитание сите ученици се однесуваат не пристојно сите се дрогираат, пушат и се облекуваат не пристојно”, е идејата која денеска ја достави до Владата, професорот по француски јазик во пензија, Снежана Георгиева.
Штипјанецот Томе Филипов рече дека е задоволен, бидејќи неговата минатогодишна идеја е реализирана.
”На општо задоволство јас минатата година ја искористив таа можност дадов една идеја за организација на светска ревија на невестински народни носии, можам да се пофалам дека Владата на Република Македонија не само што го реализира овој проект, туку и целосно ги реализира сите наши нови идеи и предлози кои што се дадени и на мое задоволство мојот прелог е прифатен од министерството за култура” рече Томе Филипов.
Според, премиерот, Никола Груевски, некои од идеите се поквалитетни некои се доработени.
“Од идеите кои Владата веќе ги имплементираше се идејата за бесплатна правна помош, идеја за која веќе е изготвен закон кој е во законска процедура, закон за јавна чистота, повеќе пунктови за инсулинска терапија за дијабетичари, воспоставена е листа на податоци за фирми во стечај, намалено ДДВ за соларни панели, и многу други работи кои беа предложени во текот на денешниот ден”, рече, премиерот Никола Груевски.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 09.10.2009 15:56:40
|