Најава за референдум против изградба на верски објекти на плоштадот
Двете здруженија “Плоштад Слобода” и “Граѓани за Европска Македонија”, денеска, ги соопштија резултатите од истражувањето (спроведено во периодот меѓу 20-ти и 22-ри Јули) на јавното мислење во однос на изградба на верски објекти на Плоштад Македонија.
Анкетата е спроведена од страна на “Брима Галуп” со финансиска помош на фондацијата Институт отворено општество Македонија, според него од 500 случајно избрани испитаници кои биле анкетирани во општина Центар, 70 отсто се изјасниле против изградбата на било каков верски објект на централниот скопски плоштад, а дури 74 отсто од граѓаните се против подарувањето на земјиштето на МПЦ и ИВЗ.
Врз основа на резултатите добиени од спроведеното истражување двете здруженија се одлучиле да поткренат иницијатива за референдум меѓу граѓаните на Општина центар, на кој тие сами ќе одлучиле дали сакаат цркви, џамии и текиња на плоштадот Македонија.
Двете организации соопштија дека се потребни 8.800 потписи за да се спроведе референдум и воедно ги поканија сите здруженија на граѓани, неформални групи и индивидуалци да им се придружат во собирањето на потписи како нивна поддршка и да гласаат против на референдумското прашање.
Автор на веста: Нетпрес Објавена на 07.08.200912:40:58