Бугарски цариници блокираа 15 илјади ДВД на партијата “Виножито“
Бугарските цриници блокираа 15 илјади ДВД на македонската партија во Грција “Виножито“. Царинската служба на граничниот премин Кулата, како што објави телевизија “Канал 5“, им признала на членовите на партијата дека нема проблем со документацијата, но дека согласно бугарските закони властите на соседната земја имаат право да го држат материјалите до десет дена.
Во информацијата се додава дека, “Виножито“ не сака да шпекулира за можни скриени мотиви и координација меѓу бугарските и грчките тајни служби и се надеваат дека се работи само за непознавање на европските правила.
Пред еден месец во соработка меѓу софискиот државен архив и грчки организации подржани од владата во Атина беа презентирани историски документи кои наводно го докажуваат бугарскиот карактер на Македонија. Бугарските власти не посочуваат зошто предизборните материјал на виножито се уште не може да дојде до Македонците во Грција.
Автор на веста: Нетпрес Објавена на 24.05.200914:06:03