ВИДЕО: Големиот “Бик“ гo воодушеви понежниот пол

Нови десет скулптури беа промовирани низ центарот на Скопје од министерката за клутура Елизабета Канческа-Милевска и авторите на скулптурите. Овие се дел од проектот за поставување на 35 скулптури.
Скулптура “Бик“ од авторот Дарко Дуковски, што е поставена кај продавницата “Пеко“, беше прва денеска промовирана и обрна повеќе внимание на гостите од блиската кафеана. Некои госпоѓи чекаа со нетрпение да се фотографираат со огромниот Бик.
Скулптура “ЕЕЕЈ“ на авторот Димитар Филиповски, пред кафулето “Рома“ на улица Македонија, беше забележана од страна на помладите девојки.
 Скулптурата изработена од авторот Ристо Станковски, “Маски“ поставена пред “Театар за деца и младинци“, нај интересна за децата.

“Чистач на чевли“ од Елена Дуковска е пред продавницата “МЕХХ“. “Просјак“, поставена на сив мермерен постамент на авторот Наташа Божарова, спроти продавницата “МЕХХ“.
Уметничкото дело “Жена со гитара“ изработено од Синиша Новески ќе биде кај ,“Ирски паб“ на кејот до хотелот “Холидеј ин“.
Скулптура “Бесконечна циркулација“ на авторот Сашо Саздовски, ќе се наоѓа после паркингот кај хотелот “Холидеј ин“. “Балерина” на автор Зоран Тошевски, е пред МОБ, и скулптура “Космо интеграла 2008“ е изработена од Антони Мазневски, поставена пред МОБ.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 12.04.2009 12:15:31
|