датум: 04.09.2010 04:33 партнери контакт:netpress@netpress.com.mk
  курсна листа  
CHF
4.027
4.068
CAD
39.28
39.68
EUR
60.85
61.47
повеќе...
  временска прогноза  
THERE ARE NO NEWS IN THE DATABASE
повеќе...
  патни правци  
  гранични премини  
 
  ПРЕГЛЕД НА ВЕСНИЦИ  
НОВА МАКЕДОНИЈА: Политичарите се поделија на букефалисти и словенисти

Трагање по античките корени на Александар Македонски или следење на стапките на средновековните просветители Кирил и Методиј? Во политичката дебата, која ја загрева јавноста пред почетокот на кампањата за претстојните избори, политичарите меѓусебно се поделија на букефалисти и словенисти. Стручната јавност тврди дека со актуелните дебати се случува политизација на историјата. Разликите во интерпретирање на македонското минато се отсликаа и во реториката на кандидатите за претседателската функција од двете најголеми партии од власта и опозицијата.

„Поразителни се обидите за десловенизација и за трагање по античките корени на власта“, порача пред два дена Љубомир Фрчкоски, кандидат од СДСМ.

Претходно неговиот противник од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓе Иванов подвлече дека Македонија има моќ бидејќи има длабоки корења, кои некој сака да ги исече. И претседателот Бранко Црвенковски на својата трибина ја обвини власта дека прескокнува и минимизира цели историски епохи и се врзува само за еден дел од историјата, на античка Македонија. Со тоа, според него, власта се обидува да го редефинира националниот код и идентитет на македонскиот народ.

Во политичката дебата за антиката наспроти словенизмот се вклучи и стручната јавност - историчари, етнолози, новинари и политиколози.

- Се скока еден цел период од 2.300 години како ништо да не постоело и се доаѓа од антиката во денешно време. Во заднина се одвива едно букефалистичко ништење на македонскиот идентитет - рече новинарот Бранко Героски на трибината.

Тој во саботната колумна пишува и дека „со деветминутен пропаганден филм на државната телевизија, неодамна официјално беа промовирани Македоноидите, производ на инженерингот на агитпроповските бригади на работ божји Никола Груевски“.

Историчарите и политиколозите, пак, оценуваат дека целата историска дебата на политичарите е апсурдна зашто не смее да постои груба поделба и да се занемарува ниту антиката, ниту пак словенизмот. Дел од нив гледаат предизвик во наклонетоста кон антиката со објаснување дека во социјализмот од идеолошки причини се занемарувал овој период од историјата на Македонија.

- Не е лошо некои работи да се допроучат, зашто во времето на поранешна Југославија постоеше идеолошка наклонетост кон словенското потекло. Како народ имаме гени како од античките Македонци, така и од Словените и не треба да се откажуваме од тие корени - смета професорот Крсте Богоески од Институтот за етнологија и антропологија.

Според Мирјана Мирчевска, професорка од истиот институт, несвојствено е Македонците да ги бараат своите корени во античкиот период, кој според неа е далеку во историјата.

Политичарите не треба да ја злоупотребуваат историјата за меѓусебни пресметки, смета Михаило Миновски, историчар.

- Македонскиот народ не може да се откаже од ниту еден период од историјата, зашто тоа би било самоубиство. Нашата историја има континуитет и треба да го зачуваме како античкото, така и словенското минато - вели Миновски.

За оваа тема во последниов период се изјаснија голем број личности од интелектуалната, уметничката и политичката јавност. Наједноставно во толкувањето, а најпрецизно во суштината беше размислувањето на писателот Венко Андоновски, кој зборувајќи во ТВ-емисијата „Во центарот“ за македонската генеза се залагаше за неисклучување ниту еден период од нејзиниот континуитет.

- Да речеме вака, средовечниот Венко сега не го исклучува ни бебето Венко, ни адолесцентот Венко, ни тинејџерот, ни младичот Венко. Сето тоа е составен дел на мојата личност - изјави професорот на Филолошкиот факултет, правејќи паралела меѓу личниот и колективниот идентитет.

Според Илија Талев од Центарот за истражување и креирање политики, од последните препукувања во јавноста се добива впечаток дека политичките разлики се видливи и преку интерпретирање на историјата.

- Идентитетот и нашето право да се нарекуваме Македонија треба еднакво да го црпиме и од нашето античко и од нашето словенско потекло - смета тој.

За севкупноста и повеќеслојноста на идентитетот зборува и Анета Шукарова од Институтот за национална историја.

- Историски, идентитетот зависи од историската меморија, а во Македонија силно се рефлектирала целата историска меморија од антиката, славјанството и христијанството. Така, македонскиот идентитет е синтетички, настанат од овие три различни ентитети - вели Шукарова.

Ние не сме компјутери, па да можеме да стиснеме „дилит (избриши)“ и да го прекинеме континуитетот во нашата колективна меморија, поврзан со антиката, со средновековниот византиски период, со преродбенските традиции на крајот на 19 и во почетокот на 20 век, рече Тодор Чепреганов, директор на Институтот за национална историја, зборувајќи неодамна на меѓународниот научен симпозиум, отворен во чест на 60-годишнината на Институтот за национална историја.

Очигледна е и ненасетена комплексноста на прашањето за идентитетот што се отвора при секое спомнување на овој термин, кој очигледно отвора широк мегдан за спротивставени мислења. И додека кандидатите за претседатели ги острат своите аргументи, делкани на каменот на етничкиот идентитет во прилог на букефалистите или на словенистите, дел од критичката јавност го резимира ова прашање на поинаков начин.

Културното наследство е универзално

По протестот против кражбата на идентитетот, користењето на грчките симболи и археолошки пронајдоци во рекламниот спот на Милчо Манчевски, кој го изразиле грчките организации во дијаспората, а го пренесе електронското издание на весникот „Нафтемборики“, тргнавме во потрага по артефактите користени во спотот.

- Професионалната јавност не се меша во политички дебати, но, генерално, би рекла, дека во вакви промотивни материјали за земјата треба да се користат симболи и археолошки наоди откриени на нејзината територија - вели проф. Вера Битракова-Грозданова, експерт за класичниот период.

Динамично измонтиран и брз, спотот на Манчевски не остава можност за идентификување на артефактите што се користени во него, но голем дел од нив, велат стручњаците, припаѓа и на други периоди - мермерните глави на римскиот период, а накитот и бронзите колку што можат да бидат од Македонија или Грција, можат да бидат и од Мала Азија.

- Точно е дека наоѓалиштето на 16-кракото сонце, познато како сонцето од Вергина, сега се наоѓа на територија на Грција, но него го има и на мегарските чаши, пронајдени во Охрид - вели Паско Кузман, директор на Управата за заштита на културното наследство.

Иако цивилизираното размислување го прави ова прашање непотребно, бидејќи културното наследство е светска, универзална оставина, кај нас присвојувањето на археолошките артефакти сè уште се користи како аргумент за провокација.

Милчо Манчевски, веднаш по промоцијата на спотот „Македонија - вечна“, изјави дека очекува забелешки од грчка страна.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 02.02.2009 13:10:40

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Груевски: Клучни проблеми името и светската економска криза

Петина од африканските слатководни видови пред изумирање

Службите на СВР Скопје ќе работат и утре

Груевски: Работите ќе се променат, процесот на промени е започнат

Дигитална настава во ОУ “Димитар Македонски“ во Демир Хисар

Блискоисточните преговори продолжуваат за две недели

Гардијан: Притисок врз Белград да ја прифати понудата на Приштина

Масовниот убиец од Братислава без проблем ги минувал психотестовите

Пекарите обвинуваат, мелничарите неосновано го поскапуваат брашното

Нема конечен заклучок за откупот на винското грозје

  Други вести од оваа категорија  
  ВЕЧЕР: Парите од иселениците полнат петтина од државната каса
објавена: 03.09.2010 - 10:36:48 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  УТРИНСКИ ВЕСНИК: Стари коли веќе не се толку барана стока - цените ќе паѓаат
објавена: 03.09.2010 - 10:35:29 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ВЕЧЕР: Ексразузнавач нападнал шумска полиција
објавена: 03.09.2010 - 10:32:51 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  УТРИНСКИ ВЕСНИК: Спаска Митрова добила отказ во Бугарија
објавена: 03.09.2010 - 10:31:40 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ВЕЧЕР: Државата конфискува 20 милиони евра од Даравелски, Бачило, Славија...
објавена: 03.09.2010 - 10:29:42 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  УТРИНСКИ ВЕСНИК: ДУИ му го расипа планот на Груевски
објавена: 03.09.2010 - 10:28:45 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ВЕЧЕР: Ги отвораме вратите на Македонија за нови инвестиции!
објавена: 02.09.2010 - 9:00:51 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  УТРИНСКИ ВЕСНИК: До парче леб преку работа на црно во странство
објавена: 02.09.2010 - 8:59:06 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ВЕЧЕР: Охриѓани бараат поголема безбедност за да не останат без туристи
објавена: 02.09.2010 - 8:58:23 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  УТРИНСКИ ВЕСНИК: САД барале Македонија да гласа против резолуцијата на Србија
објавена: 02.09.2010 - 8:57:21 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ВЕЧЕР: Јани Макрадули повторно насилен
објавена: 02.09.2010 - 8:56:31 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  УТРИНСКИ ВЕСНИК: Вмровците го признаваат само судот на партијата
објавена: 02.09.2010 - 8:55:38 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ВЕЧЕР: Со старите мобилни на буниште се фрлаат до 22 тони злато!
објавена: 01.09.2010 - 8:48:01 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  УТРИНСКИ ВЕСНИК: Кованиците не ги засакаа, книжната десетденарка победи
објавена: 01.09.2010 - 8:46:14 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ДНЕВНИК: Тргна возот на државни вработувања
објавена: 01.09.2010 - 8:45:06 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ВЕЧЕР: Брзо решение на спорот за името - брз влез во ЕУ
објавена: 01.09.2010 - 8:43:59 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  УТРИНСКИ ВЕСНИК: Ученичките ранци претешки од проблеми
објавена: 01.09.2010 - 8:42:08 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ДНЕВНИК: Едни во училиште, други во мачилиште
објавена: 01.09.2010 - 8:41:10 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ВЕЧЕР: Охриѓанецот Жанко З'ш и неговиот другар претепани во Србија
објавена: 01.09.2010 - 8:39:51 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  УТРИНСКИ ВЕСНИК: Тајни планови за центарот на Скопје
објавена: 01.09.2010 - 8:38:40 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ДНЕВНИК: И државата си направи „Бачило“
објавена: 01.09.2010 - 8:35:14 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ВЕЧЕР: Убијците на брат ми да бидат казнети
објавена: 31.08.2010 - 9:51:51 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  УТРИНСКИ ВЕСНИК: Бараа евтини кредити, а сега не ги користат
објавена: 31.08.2010 - 9:50:22 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ДНЕВНИК: Се вари погорчлива цена на кафето
објавена: 31.08.2010 - 9:49:13 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ВЕЧЕР: Хрватите јадат месо замрзнато и по 10 години
објавена: 31.08.2010 - 9:48:30 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  УТРИНСКИ ВЕСНИК: Ерозија на брендот Груевски
објавена: 31.08.2010 - 9:47:10 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ДНЕВНИК: Опасните проливи никој не ги пријавува
објавена: 31.08.2010 - 9:46:16 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ВЕЧЕР: Иво Ивановски најскапо БМВ, Зоран Ставревски не се откажува од својот вартбург
објавена: 31.08.2010 - 9:43:13 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  УТРИНСКИ ВЕСНИК: Во Скопје продадено земјиште по 3.000 евра за квадрат
објавена: 31.08.2010 - 9:41:25 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ДНЕВНИК: Безбедност истрижена на нула
објавена: 31.08.2010 - 9:39:43 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  Најчитани вести во денот  
  Се уште не се открива идентитетот на убиените во Аеродром
категорија: КРИМИ ХРОНИКА
објавена: 03.09.2010 - 9:29:21 AM
 
  Убиецот должел пари на еден од убиените во нападот во Аеродром
категорија: КРИМИ ХРОНИКА
објавена: 03.09.2010 - 2:02:03 PM
 
  Бранејќи ја ќерката го прободела сопругот со нож
категорија: КРИМИ ХРОНИКА
објавена: 03.09.2010 - 11:59:25 AM
 
  Груевски: Работите ќе се променат, процесот на промени е започнат
категорија: ПОЛИТИКА
објавена: 03.09.2010 - 15:24:56
 
  Вокменот го надмина иПод-от
категорија: СВЕТ
објавена: 03.09.2010 - 9:32:28 AM
 
 
   
 
почетна : маркетинг : партнери : за нас: контакт       тел: 02 3179 787    email: netpress@netpress.com.mk   НетПрес Скопје Македонија

Вестите на интернет страницата на новинската агенција Нетпрес може да се користат исклучиво за лично информирање.
Без писмена дозвола од новинската интернет агенција Нетпрес, или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.
© Copyright Net Press 2007, Skopje, MACEDONIA
Правен застапник на Новинската интернет агенција Нетпрес е адвокатската канцеларија “Апостолски“ од Скопје тел./факс: +389 2 3110 617; +389 2 3109 684 www.apostolski.com.mk