Тепачка помеѓу навивачки групи од Македонија во Хрватска
Две ривалски навивачи групи од Македонија вчера во попладневните часови се степале и си ги каменувале своите автобуси пред хотелот “Пунта“ во Водице каде се сместени македонските навивачи, пренесуваат хрватските новински агенции.
Како што изјавиле од полицијата во Хрватска, во таа прилика се судриле повеќе лица, а притоа биле оштетени и два автобуси со македонски регистарски таблички. Еден од навивачите бил лесно повреден во тепачката, а најверојатно се работело за расекотина.
Судирите најверојатно биле само меѓу Македонци, никој од нашите луѓе немало таму. За сега не можам да кажам дали ќе има санкции против македонските навивачи, изјавила Марица Косор, портпарол на полицијата во шибенско-книнската жупанија.
Автор на веста: Нетпрес Објавена на 26.01.200910:09:33