датум: 30.07.2010 17:24 партнери контакт:netpress@netpress.com.mk
  курсна листа  
CHF
4.027
4.068
CAD
39.28
39.68
EUR
60.85
61.47
повеќе...
  временска прогноза  
THERE ARE NO NEWS IN THE DATABASE
повеќе...
  патни правци  
  гранични премини  
 
  ПРЕГЛЕД НА ВЕСНИЦИ  
ВРЕМЕ: Скопскиот аквадукт заробен во римско

Римскиот аквадукт во Визбегово, единствено културно наследство од таков вид во земјава, не се конзервира и се распаѓа. И по пробивањето на булеварот Словенија, со кој се очекуваше полесно да се доаѓа до него, нема табла ниту знак со објаснување. Водоводниот систем од камен и од тули, од некогашните 200 лака, денес брои само 55 лака, а повеќето од нив имаат огромни дупки на местата од каде се краделе камења или пак со текот на времето се одронил градежниот материјал. Објектот со години наназад стои обраснат во трева и бодливи растенија, но најсериозен проблем е барата која се создаде околу еден дел од аквадуктот и предизвика искривување на неколку лакови. Од Националниот конзерваторски центар најавуваат археолошки истражувања на теренот, а истовремено ќе се бараат и средства за да се отстрани водата која понира од земјиштето. - Деновиве ќе почнеме со сондажни истражувања околу аквадуктот, кои ќе бидат сконцентрирани на крајниот дел од објектот каде што имало чешми. Постои и проект за конзервација на објектот, за чија целосна реализација ќе треба да се бараат средства од државата и од донатори. Во план е да се направи и дренажа за истекување на водата - вели Јани Антониев, директор на Националниот конзерваторски центар. Ветување за скорашни активности околу аквадуктот најавуваат и од Управата за заштита на културното наследство. - Планираме идната година да го внесеме аквадуктот во капиталните зафати кои се финансираат од буџетот на Република Македонија - изјави Паско Кузман, директор на Управата. Во апелот кон надлежните што поскоро да се направи пристап до римскиот водовод и да се санираат најзагрозените делови, се вклучуваат и жителите на Визбегово, каде што е лоциран овој стар систем. Тие раскажуваат дека единствената реконструкција на објектот е направена на трите срушени лака кои по земјотресот од 1963 година повторно се обновени. - Обновените делови денес се исчкртани, а токму пред нив се снимаа спотови, реклами, се одржа и концерт на една музичка група и толку. Тоа е се од посетеноста и повремено кога ќе помине некој странец. Инаку аквадуктот како лого го користи јавното претпријатие „Водовод и канализација“, а Општина Бутел го има на својот грб, никој од властите не се нафаќа да го заштити - вели жител на Визбегово. Од Општина Бутел речиси повеќе од година најавуваат изградба на директен пат до објектот, но велат дека главната пречка е чисто административна, бидејќи со генералниот урбанистички план просторот не е предвиден како градежен, туку како зелена површина. - Двата пристапни пата се трасирани и проектирани уште лани, по повикот кој го добивме од Управата за заштита на културното наследство и од Конзерваторскиот центар. Едниот влез треба да биде од кај Качанички Пат, односно регионалниот пат за Косово, а другиот од страната на булеварот Босна и Херцеговина. Но клучот и почетокот на заживување на целиот овој простор се измените во ГУП, се друго е интервентно - вели Снежана Клинчарова, портпаролка на Општината. Кон најавите за изградба на пристап се приклучија и градските власти, кои информираат дека се при крај со подготовките за изработка на нов ГУП. - Подготвени сме да ја почнеме постапката, се собираат барањата за измена на планот од општините, како и од правни и од физички лица. Градот во својата културна презентација веќе го има афирмирано аквадуктот и тој се наоѓа во најновата туристичка публикација, а ќе се најде и на новиот туристички сајт на Скопје. Во буџетот за 2009 година ќе обезбедиме средства за изградба на пристапен пат до аквадуктот, како и за поставување соодветна сигнализација и информативни табли - велат од градското одделение за односи со јавност.


Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 10.09.2008 12:19:32

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Камионџиите во Грција продолжуваат со штрајк

Анџелина Џоли во садо-мазо издание

Јордан: При превртување на автобус загинале пет лица

Сајт за жени кои бараат богати спонзори

Викендов - прскање против комарци

Македонското небо во јуни го прелетале 13.386 авиони

Осуммина загинати во пожар во Русија

Фејсбук се вклучи во трката за најпосакуван работен простор

Жешка расправа за интерпелацијата на Јанкулоска

Османи: Оставката за мене е бегање од проблемите

  Други вести од оваа категорија  
  ВЕЧЕР: Да не беше Грција, ќе бевме членка на ЕУ
објавена: 30.07.2010 - 9:46:31 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  УТРИНСКИ ВЕСНИК: Надворешната политика без компас
објавена: 30.07.2010 - 9:45:29 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ДНЕВНИК: За Крушево од Бигорски тргна црешово топче
објавена: 30.07.2010 - 9:43:37 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ВЕЧЕР: Купувајте налето за да се греете во зима
објавена: 30.07.2010 - 10:23:58 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  УТРИНСКИ ВЕСНИК: Владата не попушта за стечајците
објавена: 30.07.2010 - 10:22:56 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ДНЕВНИК: Гигантот РЕК „Битола“ на една нога
објавена: 30.07.2010 - 10:21:58 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ВЕЧЕР: 20 евра за литар бензин купен на црно!
објавена: 30.07.2010 - 10:13:16 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  УТРИНСКИ ВЕСНИК: Жените во машка кожа во Авганистан
објавена: 30.07.2010 - 10:11:32 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ДНЕВНИК: Битолчанец чува еврејски тајни
објавена: 30.07.2010 - 10:10:13 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ВЕЧЕР: Македонски тутун на кинески пазар
објавена: 29.07.2010 - 9:54:56 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  УТРИНСКИ ВЕСНИК: Парното поскапо за 10 отсто, во „Скопје Север“ дури за 40 отсто
објавена: 29.07.2010 - 9:53:57 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ДНЕВНИК: Бугарските коли на удар на МВР
објавена: 29.07.2010 - 9:52:12 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ВЕЧЕР: Пратеничките уста не затвораат!
објавена: 29.07.2010 - 9:34:55 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  УТРИНСКИ ВЕСНИК: Брисел немоќен пред Груевски
објавена: 29.07.2010 - 9:33:25 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ДНЕВНИК: Одбраната ќе се преструктурира
објавена: 29.07.2010 - 9:32:24 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ВЕЧЕР: Бранко и Велија се забављаат одамна
објавена: 29.07.2010 - 9:30:43 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  УТРИНСКИ ВЕСНИК: Македонија не ветила рок за името
објавена: 29.07.2010 - 9:29:07 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ДНЕВНИК: Брисел не' прати на поправен
објавена: 29.07.2010 - 9:25:47 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ВЕЧЕР: Топчињата од "Ју лото" ќе се извлекуваат во Љубљана?
објавена: 28.07.2010 - 9:51:44 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  УТРИНСКИ ВЕСНИК: Плаќаш домат, добиваш дрво
објавена: 28.07.2010 - 9:50:38 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ДНЕВНИК: Дива ергела вози по патиштата
објавена: 28.07.2010 - 9:48:16 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ВЕЧЕР: Добро е, треба да биде подобро
објавена: 28.07.2010 - 9:46:44 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  УТРИНСКИ ВЕСНИК: Го тепала ли полицијата Илиевски?
објавена: 28.07.2010 - 9:45:39 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ДНЕВНИК: Туризмот не плива во Тиквешко
објавена: 28.07.2010 - 9:38:24 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ВЕЧЕР: Го допреа дното: Велија му бира премиер во сенка на Бранко
објавена: 28.07.2010 - 9:31:08 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  УТРИНСКИ ВЕСНИК: Бензинот зароби илјадници Македонци во Грција
објавена: 28.07.2010 - 9:30:11 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ДНЕВНИК: Судството никако да стане власт
објавена: 28.07.2010 - 9:28:41 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ВЕЧЕР: Од 2011 општините ќе можат да отуѓуваат градежни парцели
објавена: 27.07.2010 - 9:33:28 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ДНЕВНИК: Извозот ја поскапе храната
објавена: 27.07.2010 - 9:30:31 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  ВЕЧЕР: Извештај за инцидентот во Собранието - по два месеци
објавена: 27.07.2010 - 9:23:06 AM
aвтор на веста: Нетпрес
 
  Најчитани вести во денот  
  Србите чекаат гориво во канистери од Србија за да се вратат дома
категорија: БАЛКАН
објавена: 30.07.2010 - 9:58:20 AM
 
  Венчавка како државна тајна
категорија: СВЕТ
објавена: 30.07.2010 - 12:42:14 PM
 
  Жешка расправа за интерпелацијата на Јанкулоска
категорија: ПОЛИТИКА
објавена: 30.07.2010 - 2:03:50 PM
 
  Интерпелација на Јанкуловска
категорија: МАКЕДОНИЈА
објавена: 30.07.2010 - 9:31:16 AM
 
  Словенија не сака да и’ помага на Грција
категорија: БАЛКАН
објавена: 30.07.2010 - 11:10:17 AM
 
 
   
 
почетна : маркетинг : партнери : за нас: контакт       тел: 02 3179 787    email: netpress@netpress.com.mk   НетПрес Скопје Македонија

Вестите на интернет страницата на новинската агенција Нетпрес може да се користат исклучиво за лично информирање.
Без писмена дозвола од новинската интернет агенција Нетпрес, или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.
© Copyright Net Press 2007, Skopje, MACEDONIA
Правен застапник на Новинската интернет агенција Нетпрес е адвокатската канцеларија “Апостолски“ од Скопје тел./факс: +389 2 3110 617; +389 2 3109 684 www.apostolski.com.mk