Во Албанија е формирана нова нацистичка партија. Новата партија, според албанските закони никогаш нема да биде регистрирана како другите партии, пишува новинската агенција Лајме Нет.
Во програмата на “Албанската нацистичка партија“ стои дека непријатели на оваа партија се Грците и Словенските народи. Своето промовирање го започнала од Елбасан каде што биле фрлени по улиците неколку провокативни плакати на кои што пишувало “Ние се бориме за албанскиот народ. Немојте да ги заборавите непријателите на Албанците а тие се Словенските народи и Грците“.
Автор на веста: Нетпрес Објавена на 01.06.200810:16:36