22.05.2013 19:32:39
Почетна
Македонија
Политика
Економија
Крими хроника
Балкан
Свет
Живот
Анализи/Коментари/Ставови
Магазин
Секс
Спорт
верзија за мобилен уред
NetPress на Facebook

“Браќа Манаки“ отворен со премиерата на “Трето полувреме“

16.09.2012 - 12:33:42
“Браќа Манаки“ отворен со премиерата на “Трето полувреме“
Со долг аплауз и овации, публиката во преполниот Центар за култура во Битола синоќа ја награди екипата на “Трето полувреме“ која излезе на сцената по премиерата на филмот.

Режисерот Дарко Митревски рече дека филмот е посветен на Нета Коен и  дека идејата е од пред 12 години кога неа ја запознал и му станала  инспирација за филм, од чија животна приказна, како што рече, и денес не може да остане емотивно рамнодушен.

“Ми ја раскажа својата животна трагедија, ми раскажа како го загубила своето семејство и ми ја раскажа својата голема победа – како низ нејзината, за она време забранета љубов, продолжила лозата на нејзините предци“, рече Митревски.
Филмот го посвети и на 11-те члена на спортскиот клуб „Македонија“, за кои исто така раскажува филмот, на 98 отсто Евреи од Македонија кои во 1943 се убиени во логорот Треблинка, на 20.000 животи загубени во фашизмот во Втора светска војна.

“Да не беа тие луѓе ќе немаше ни фестивал, ќе немаше ни кинематографија, ќе не немаше ниту нас. А ќе ја немаше ни Македонија“, рече Митревски.

Поради големиот интерес на публиката за која се малку 800-те места во Центарот за култура, по премиерната имаше и репризна проекција.

Фестивалот за отворен го прогласи претседателот Ѓорге Иванов, кој  на „Трето полувреме“ и на “Балканот не е мртов“ на Александар Поповски им посака успеси на фестивали и прикажувања во кината низ светот.

Шефот на државата и ја врачи Специјалната награда “Златна камера 300“ на француската актерка Катрин Денев, ексклузивна гостинка на фестивалот. Специјалната награда “Златна камера 300“ за придонес во светската кинематографија на австрискиот кинематографер Кристијан Бергер му ја врачи Горјан Тозија, претседател на Друштвото на филмските работници на РМ.

Бергер, кој е познат по соработката со режисерот Михаел Ханеке, им порача на директорите на фотографија дека најважната алатка секогаш ја имаат во себе, а тоа се очите, мозокот и срцето. Рече дека за еден кинематографер нема добра шанса без добар режисер. Денев, пак, додаде дека актерот не е многу без кинематограферот.

“Првпат сум во Македонија и задоволство ми е што сум тука и што ја делам наградата со Кристијан Бергер чија работа многу ја ценам“, рече филмската дива. Таа денска ќе има средба со филмофилите и новинарите, а во нејзина чест ќе биде прикажан филмот “Последното метро“ за кој  е наградена со “Цезар“.
автор: Нетпрес
Нема точен број колку Македонци живеат во странство
22. 05.2013 - 18:22:33
категорија: МАКЕДОНИЈА
Честитка од Трајко Вељаноски по повод Националниот Ден на Власите
22. 05.2013 - 18:12:45
категорија: МАКЕДОНИЈА
Свечено обраќање на Иванов за „Св.Кирил и Методиј“
22. 05.2013 - 17:52:26
категорија: МАКЕДОНИЈА
За четири месеци 93 брања за лекување во странство
22. 05.2013 - 15:57:05
категорија: МАКЕДОНИЈА
Уставен пресече: Парно ќе плаќаат и исклучените
22. 05.2013 - 15:43:47
категорија: МАКЕДОНИЈА
Иванов: Власите даваат голем и значаен приденес за Македонија
22. 05.2013 - 15:02:43
категорија: МАКЕДОНИЈА
Вонредна прогноза: Метеоролозите најавуваат град и каллив дожд
22. 05.2013 - 14:08:18
категорија: МАКЕДОНИЈА
Волбек задоволен од напредокот постигнат во неговиот мандат и од соработката со Владата
22. 05.2013 - 14:05:12
категорија: МАКЕДОНИЈА
Јапонците го изготвија извештајот за колекторскиот систем за заштита на Охридското Езеро
22. 05.2013 - 13:53:50
категорија: МАКЕДОНИЈА
Груевски: Националниот ден на Власите е симбол на самоидентификација и себеспознавање на влашката заедница
22. 05.2013 - 13:42:18
категорија: МАКЕДОНИЈА
Ховит: Aко сакаме Македонија да напредува, оправдано е да се почнат преговорите
22. 05.2013 - 13:41:39
категорија: МАКЕДОНИЈА
Започна постапката за вработување на 1.600 лица од ранливи категории
22. 05.2013 - 12:32:47
категорија: МАКЕДОНИЈА
Седма конференција на началници на ГШ во Албанија
22. 05.2013 - 12:17:08
категорија: МАКЕДОНИЈА
Царина го доби Сертификатот за функционалност
22. 05.2013 - 12:14:17
категорија: МАКЕДОНИЈА
Симулациска вежба за справување со огнени стихии
22. 05.2013 - 10:26:24
категорија: МАКЕДОНИЈА
Вкупно 1.600 работни места за најранливите групи на граѓани
22. 05.2013 - 10:00:59
категорија: МАКЕДОНИЈА
Единаесетти состанок на Мешовитиот парламентарен комитет Македонија- ЕУ
22. 05.2013 - 09:10:15
категорија: МАКЕДОНИЈА
Конференција посветена на искуства од Конвенцијата за правата на лицата со инвалидност
22. 05.2013 - 08:26:16
категорија: МАКЕДОНИЈА
Клучеви на рака за лицата кои добија социјални станови во Берово
22. 05.2013 - 08:21:54
категорија: МАКЕДОНИЈА
Иванов во посета на Институтот за земјотресно инженерство
22. 05.2013 - 08:18:59
категорија: МАКЕДОНИЈА
Локален пороен дожд, грмежи и ветер
22. 05.2013 - 08:14:53
категорија: МАКЕДОНИЈА
Возете внимателно: Влажни коловози и работа на неколку патни правци
22. 05.2013 - 08:11:55
категорија: МАКЕДОНИЈА
Младите генерации да ја продолжат мисијата за развој на науката – Ораторска вечер во Народната канцеларија по повод 24 Мај
21. 05.2013 - 21:02:46
категорија: МАКЕДОНИЈА
Во Полска презентирани мерките за обезбедување најефикасни услови за работа на странските инвеститори
21. 05.2013 - 17:43:48
категорија: МАКЕДОНИЈА
Се вчитува...
Архива
Тема на денот
Најнови вести денес
Најчитани вести
Колумна
Евробандитизам
21. 05.2013 - 10:54:07
Две децении нема нов Славко Јаневски, Коле Чашуле, Јован Павловски или Анте Поповски... ни сликари од времето на Мартиновски или Личеноски... Коџоман, Чемерски или Корубин...
Афоризам by Васил Толевски
Имам редовна исхрана. Од внатре се јадам
Имам редовна исхрана. Од внатре се јадам
НетПрес видео
Држава
Валута
Куповен
Среден
Продажен
ЕМУ
EUR
61,19
61,49
61,8
В. Британија
GBP
75,53
75,91
76,29
Швајцарија
CHF
50,78
51,03
51,29
САД
USD
47,4
47,64
47,88
Маркетинг    Архива    За нас    Контакт   Rss
Вестите на интернет страницата на новинската агенција НЕТПРЕС може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од новинската интернет агенција НЕТПРЕС, или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.
© Copyright Net Press 2012, Skopje, MACEDONIA
Правен застапник на Новинската интернет агенција Нетпрес е адвокатската канцеларија "Апостолски" од Скопје
тел./факс: +389 2 3110 617; +389 2 3109 684
www.apostolski.com.mk
developed by: web design studio: Meduim3