Германија бара пишана гаранција дека Србија и Косово нема да се блокираат една со друга
15.09.2012 - 11:27:24
Германија бара пишана гаранција дека Србија и Косово нема да се блокираат една со друга за време на членство во меѓународни организации и ќе имаат нормални односи. Не бараме формално признавање, вели во интервју за Блиц, Хенри Боне, директор на Фондацијата Конрад Аденауер во Србија.
Еден од највлијателните функционери во Хритијанско-демократската унија, Андреас Шокенхоф изјави во Белград дека Германија бара од Србија договор за добрососедски односи со Косово за да одобри почеток на преговори за членство во ЕУ.
Боне сепак во интевјуто објаснува дека не е во прашање некое одредено недоразбирање.
“Тоа е само пример како две држави правно да се обврзат. Идејата е да се избегнат ситуации како оние меѓу Хрватска и Словенија или Македонија и Грција. ЕУ, а и Германија сакаат да предупредат на внесување проблеми во Унијата“.
На прашање во чие име зборувал Шокенхоф, Боне вели дека тој зборувал “во име на најголемата парламентарна група во Бундестагот и во има на партијата на Меркел“.
“Тој став е значаен показател за ставот во Германија“, додава Боне.
“Шокенхоф јасно кажа дека со претставниците на Демократската партија кои беа во владата, разговарал за тие услови пред две години, укажа Боне. Тој додава дека ниту претседателот на ЕП, Мартин Шулц не побарал „некој вид признавање на Косово кога би дошло до прием во ЕУ, а Шокенхоф бара само одреден вид договор“.
“Тоа не значи дека на крај Србија и Косово ќе мора да разменат амбасадори, што по меѓународното право значи и признавање“, рече Боне.
автор: Нетпрес