Натпреварот во крос- кантри трчање на 5 километри во машка и на 3 километри во женска конкуренција беше отворен денес на Градската плажа на кејот на реката Вардар кај Воениот стадион од на министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими, и началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески.
На кросот кој се одржува по повод 18-ти Август – Денот на АРМ и јубилејот од ,,20 години АРМ“, покрај министерот за одбрана Бесими и НГШ Котески, учество земаа и натпреварувачи од сите единици на АРМ.
Во поединечна женска конкуренција во крос-кантри трчање на 3 километри прво место го освои професионален војник Верица Параскова од баталјонот Воена полиција односно Здружената оперативна команда(ЗОК), второ место освои постар водник Ирена Лекоска од Полкот за специјални операции(ПСО) и трето место освои водник Весна Трајковска, исто така од ПСо.
Во поединечна машка конкуренција во крос-кантри трчање на 5 километри првото и второто место го освоија припадници на ПСО, односно капетан Игор Јакимовски, и професионален војник Игор Цветановски, додека третото место му припадна на професионалниот војник Добре Кузмановски од ЗОК.
![]()
Освен натпреварувачите од единиците на АРМ, на натпреварот учествуваа и одбранбеното аташе на САД, Џефри Предмор, кој го освои 24-тото место, со неговите тројца синови, од кои едниот го освои 14-то место, а другиот 55тото место и одбранбеното аташе на Србија, Жељко Симиќ, кој освои 44-то место.
По истиот повод, денеска беше одржан и натпревар во планинско трчање на 12 километри, со старт на магистралниот пат Кичево - Охрид (на патот за Славеј Планина), а целта беше кај споменикот на Славеј Планина. Натпреварот во планинско трчање го отвори Заменикот на НГШ на АРМ генерал-мајор Насер Сејдини, а учествуваа припадници на АРМ од сите единици.