Поради извештаи за јавни претпријатија прекината седницата на Советот на општина Куманово
05.07.2012 - 16:15:04
Поради неколку точни на дневниот ред на кои требало да се расправа за извештаи за работата на неколку јавни претпријатија и јавно приватно партнерство денешната седница на Советот на општина Куманово е прекината.
Според информациите на Нетпрес, градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, како и негови блиоски се вознемирил и побарал прекинување на седницата.
Од општина Куманово не објаснуваат зошто градоначалникот би бил вознемирен поради извештаите кои се однесуваат на работата на општинските претпријатија Водовод, Кумановогас и Паркинзи.
Портпаролката Бисера Благојевиќ потврдува дека седницата била прекината околу 15,30 часот, но тврди дека тоа е поради преобемност на дневниот ред.
“Денеска се одржа нормална седница на Советот и беше прекината околу 15,30 часот со одлука на членовите на Советот. Немаше никави инциденти, се беше регуларно како и на секоја претходна седница“, вели Благојевиќ.
На прашањето зошто Дамјановски би се вознемирил поради тоа што на дневен ред се извештаите од овие претпријатија, од општината Куманово велат дека тоа е сосема нормално.
“Градоначалникот бил нервозен и на други седница, како и другите членови на Советот и позицијата и од опозицијата, тоа не значи поради тоа била прекината седницата“, вели портпаролката на општината.
Советот одлучил по точките од дневниот ден да продолжат да дискутираат во понеделник, деветти јули.
автор: Нетпрес