25.05.2013 21:47:25
Почетна
Македонија
Политика
Економија
Крими хроника
Балкан
Свет
Живот
Анализи/Коментари/Ставови
Магазин
Секс
Спорт
верзија за мобилен уред
NetPress на Facebook

Оснивачите на ВМРО – ДПМНЕ испратија отворено писмо по повод коалицијата на Црвенковски и Георгиевски

01.07.2012 - 15:36:29
Оснивачите на ВМРО – ДПМНЕ испратија отворено писмо по повод коалицијата на Црвенковски и Георгиевски
Оснивачите на владејачката партија ВМРО – ДПМНЕ денеска испратија отворено писмо по повод коалицијата Бранко Црвенковски Љубчо Георгиевски.

Во продолжение, интегрално го пренесуваме нивното писмо.

-    Како луѓе кои целиот живот го посветија на идеите за ВМРО и Македонија, но и како чесни граѓани, како родители, како патриоти кои ја сакаат државата и кои не го носат товарот на дневната политика и со искрена желба да биде слушнат нашиот збор како оснивачи на ВМРО-ДПМНЕ, сакаме да истакнеме дека здружувањето на Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски е настан кој овозможува прочистување, разјаснување на многу недоумици кој нашиот народ и ние како основачи ги имавме низ годините.

Викаат дека човек пријателот сам го одбира, тој е огледало на сопствените размисли, особини и светогледи. Двајца луѓе се пријатели затоа што си одговараат во карактерите, така е и со Љубчо и Бранко. Овие пријатели, едниот со товарот на транзицијата, приватизацијата, шверцот и криминалот, а другиот со погрешна перцепција за историјата и постоење на сопствениот народ и држава, со нивната љубов за власта и парите, се едно исто-пријатели во коалиција за власт и пари.

Но, ова нивно официјално спојување е неповторлива можност да се добие јасна слика за многу работи.

Прво, со нивното здружување секој вмровец треба  да се замисли зошто Љубчо ја рушеше владата на Никола Кљусев? Зошто Љубчо Георгиевски не формираше коалиција со албанска партија и со тоа не се формираше стабилна влада? Зошто Љубчо на тацна му го подари управувањето со државата на Бранко Црвенковски, иако народот не одлучи така на избори?

Второ, зошто во 1994 година Љубчо бојкотираше и не влезе во парламентот и ги остави СДСМ да ја реализираат мрачната приватизација, шверцот и разграбувањето на Македонија? Зошто Љубчо го бранеше криминалот на Бранко во деведесеттите?

Трето, зошто 15 години ВМРО-ДПМНЕ беше марионета со која СДСМ мошне лесно се справуваше?

Четврто, зошто Георгиевски прифати да биде потпретседател на Претседателот Глигоров, прифакајќи измислена функција наменета да ја канализира патриотската енергија која пулсираше во Македонија, истата онаа која според кажувањата на сите во тоа време му донесе изненадувачка висока поддршка на ВМРО-ДПМНЕ? Зошто дозволи  патриотизмот да се изгнаси со криминалот на Бранко?

Петто, зошто Љубчо толку лесно и без поголем личен отпор се согласи со Бранко за промената на знамето, името, Уставот?

Ова се прашања кои си ги поставува секој кој сега ги гледа Бранко и Љубчо на иста маса, рамо до рамо. Одговорот е дека сето ова се случуваше затоа што Бранко Црвенковски навистина соработувал во деведесеттите со Љубчо Георгиевски, затоа што тие се лицето и опачината на една иста спаричка. Затоа што простите факти го кажуваа тоа. Како инаку ќе се образложат сите погубни потези на Љубчо во 90-те.

Овие парашања ние упорно си ги поставувавме дваесет години. Љубчо најде одговор велејќи дека ВМРО-ДПМНЕ имало многу шпиони тогаш, Ние велиме ВМРО-ДПМНЕ немал проблем со шпиони, имал проблем со ситни души и наострени профитери. Сега знаеме што е проблемот и кој е одговорот.

Двајцата соработувале со единствена цел -бизнис интереси кои се штитеа единствено преку одржување на СДСМ на добри позиции. Тоа на Бранко му ја купуваше власта, а на Љубчо му обезбедуваше пари.

На крај, ги повикуваме сите луѓе на кои им значат светите букви ВМРО и просперитетот на Македонија да се обединат околу идејата за спротивставување на политичарите на кои важен им е единствено личниот интерес. Ги повикуваме сите граѓани да застанат зад браникот на нашата Татковина единстевени, сплотени, исправени, затоа што тие најдобро го препознаваат доброто и лошото, ја знаат празната демагогија на политичарите како Љубчо и Бранко. Не ги забораваат нивните дела-недела.
Ние цврсто веруваме дека така сплотени и исправени ќе кажат “НЕ ДОСТА Е, местото ви е во историјата, таа ќе ви пресуди“.

Никој нема право да си игра со нашите чувства, нашето минато и нашата иднина. Ги повикуваме да се збијат редовите и на следните избори отсечно и директно да им кажеме Не, затоа што следните избори ќе бидат референдум за тоа каква Македонија сакаме, ќе бидат референдум За или Против Бранко Црвенковски и Љубчо Георгиевски, За или Против на нивните нечесни, мрачни и подземни игри, сплетки и удари кои што ги нанесоа на Македонија и на граѓани на Македонија!


Со почит,
оснивачи-
Борис Змјековски с.р
Владо Таранталовски с.р
Мане Јаковлевски с.р
Васил Наумов с.р
Дијана Таранталовска с.р
автор: Нетпрес
Петрески со бројна администрација како за Гинис
25. 05.2013 - 14:40:36
категорија: ПОЛИТИКА
Анкета: Заев фаворит за претседател на СДСМ
24. 05.2013 - 15:06:38
категорија: ПОЛИТИКА
Програмата на Наумов денеска пред членовите на СДСМ
24. 05.2013 - 14:54:36
категорија: ПОЛИТИКА
ВИДЕО: Јакимовски: Бранко Црвенковски е „крал на маглата“
24. 05.2013 - 14:15:07
категорија: ПОЛИТИКА
УМС на ВМРО-ДПМНЕ: Mладите кои протестираат против екстерното тестирање да не потклекнуваат на провокации
23. 05.2013 - 17:24:35
категорија: ПОЛИТИКА
ВМРО ДПМНЕ и СДСМ обединети во битката за претседател на Советот на општина Струга
22. 05.2013 - 14:12:35
категорија: ПОЛИТИКА
Сител: Слаѓана Тасева ја оштетила Полициската академија за 223.000 денари
22. 05.2013 - 14:02:07
категорија: ПОЛИТИКА
Јованоски, Заев и Ивановски го одбија Наумов за кафе средба
22. 05.2013 - 13:48:47
категорија: ПОЛИТИКА
Продолжуваат драмата за избор на нов лидер на СДСМ
21. 05.2013 - 14:35:02
категорија: ПОЛИТИКА
Ништо нема да се промени во СДСМ
21. 05.2013 - 12:02:10
категорија: ПОЛИТИКА
Ни средби ни предлози ни измени - за Грците прифатливо е само ветото!
21. 05.2013 - 08:09:48
категорија: ПОЛИТИКА
ВМРО-ДПМНЕ: Не придонесуваат за подобар квалитет на образованието, а критикуваат
20. 05.2013 - 17:16:52
категорија: ПОЛИТИКА
Утре ќе се знае конечниот број на кандидати за лидерскиот „престол“ во СДСМ
20. 05.2013 - 15:46:20
категорија: ПОЛИТИКА
ФОТО: Човек близок до Командант Коки е нов директор на ЈП Паркинзи Центар
20. 05.2013 - 15:02:43
категорија: ПОЛИТИКА
Ацо Петрески надвор од законот трошел каде ќе стигнел
20. 05.2013 - 11:40:54
категорија: ПОЛИТИКА
Покрај Тасева, ниту Малиновски не е независен
20. 05.2013 - 11:12:16
категорија: ПОЛИТИКА
Андреј Жерновски ги задоволува Грците
20. 05.2013 - 08:14:19
категорија: ПОЛИТИКА
Петрески со општински пари плаќал патувања на пријатели
19. 05.2013 - 15:13:15
категорија: ПОЛИТИКА
Како Тасева со веќе партиски став ќе прави независна ревизија на „Скопје 2014“?
19. 05.2013 - 12:30:20
категорија: ПОЛИТИКА
Груевски: Жерновски досега требаше да заврши со ревизија на проектот „Скопје 2014“
18. 05.2013 - 19:49:08
категорија: ПОЛИТИКА
ВМРО ДПМНЕ: Жерновски требаше досега да ја заврши ревизијата
18. 05.2013 - 15:16:00
категорија: ПОЛИТИКА
Петрески потрошил 4,5 милиони денари за ручеци за само една година
18. 05.2013 - 13:55:26
категорија: ПОЛИТИКА
СДСМ повторно им дава аргументи на Грција и Бугарија против Македонија
18. 05.2013 - 10:11:42
категорија: ПОЛИТИКА
Тачи: Ахмети му е слуга на Груевски
17. 05.2013 - 14:19:58
категорија: ПОЛИТИКА
Се вчитува...
Архива
Тема на денот
Најнови вести денес
Најчитани вести
Колумна
Александар, Љубчо и Емилија...дипломатски дрим тим
24. 05.2013 - 16:57:32
Мора да е посебно чуството на гордост кај Љубчо Георгиевски што неговата единствена советничка за надворешна политика...
Афоризам by Васил Толевски
Имам редовна исхрана. Од внатре се јадам
Имам редовна исхрана. Од внатре се јадам
НетПрес видео
Држава
Валута
Куповен
Среден
Продажен
ЕМУ
EUR
61,19
61,49
61,8
В. Британија
GBP
75,53
75,91
76,29
Швајцарија
CHF
50,78
51,03
51,29
САД
USD
47,4
47,64
47,88
Маркетинг    Архива    За нас    Контакт   Rss
Вестите на интернет страницата на новинската агенција НЕТПРЕС може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од новинската интернет агенција НЕТПРЕС, или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите.
© Copyright Net Press 2012, Skopje, MACEDONIA
Правен застапник на Новинската интернет агенција Нетпрес е адвокатската канцеларија "Апостолски" од Скопје
тел./факс: +389 2 3110 617; +389 2 3109 684
www.apostolski.com.mk
developed by: web design studio: Meduim3